Весна Бејби ја изгушка Силјановска Давкова, Бојана Скендеровски сподели фотки и порака на Инстаграм

Актерката Бесна Петрушевска Бејби и пејачката Бојана Скендеровски беа дел од свечениот прием на новоизбраната претседателка на Макеоднија Гордана Силјановска давкова. 

И двете споделија објави на Инстаграм 

- Мојата претседателка. Баш ја сакам! - објави Весна Бејби споиделувајќи видео како ја гушка професорката. 

Бојана Скендеровски сподели фотографии на кои позира заедно со новата претседателка.

- Македонија има жена претседател, прва во нашата историја! Претседателката Гордана ќе биде инспирација за многу млади девојки и жени,дека амбициозноста,трудот и чесноста можат да ве однесат до највисоката позиција во општеството, а притоа да бидете и сопруга и мајка. Честа беше моја да бидам на приемот кај Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, порача нашата позната пејачка .