Што вели Изборниот законик - во право ли е Силјановска Давкова со тоа што го изостави зборот Северна?

Реакции од сите страни за свечената заклетва на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова во Собранието. 

Откако тааа не го употреби зборот „Северна“, бројни предупредувања за враќање на проблемот со соседна Грција поради непочитување на обврските од Преспанскиот договор. 

Правилна ли е одлуката на новата претседателка?

Професорката Татјана Каракамишева од Правниот факултет со став: 

- Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа, а тој гласи! 

Бурни реакции на социјалните мрежи:  

Зарем не е малку тажно тоа што Македонците еден банален чин од страна на висок носител на функција што кажал Македонија без северна го доживуваат како колективна катарза?