Турски весник со признание дека ајварот потекнува од Македонија

Турскиот дневен весник „Сабах“ објави заедничка репортажа од Македонија со државната новинска агенција Анадолија, во кој се признава македонското потекло на ајварот.

„Со вкус на пиперка, ајварот има потекло од Македонија, но е популарен и се употребува во сите балкански држави. Кога ќе почне подготовката на ајварот, руралните области на Македонија се преплавени од мирисот на пире од печени пиперки. Иако Македонија е дом на луѓе од различни нации со различни кујни, ајварот и понатаму е најчестото јадење во земјата“, пишува „Сабах“ во репортажата од велешкото село Горно Оризари. „Стручњаците за гастрономско наследство велат дека првата позната употреба датира од 19. век и тој првпат бил користен од Македонци во Белград“.

Весникот се осврнува и на „тепачката“ во ексјугословенските простори за заштита на потеклото на ајварот.

„По распадот на Стара Југославија, балканските земји почнаа да го ставаат под заштита специјалитетот на регионот. Ајварот беше заштитен од Словенија во 1990-тите. Покрај тоа, ајварот од Србија и посебно од Лесковац доби меѓународни сертификати во 2012 година. Македонскиот ајвар, од друга страна, беше ставен под заштита во Македонија во 2008 година, а неговата меѓународна заштита беше реализирана во 2010 година, во контекст на Лисабонскиот договор потпишан од страна на Македонија за меѓународна регистрација на пастата и за заштита на нејзините права на потекло“, се додава во текстот. „Експертите за

Податоците од периодот меѓу 2010 и 2015 година покажуваат дека извозот на македонскиот ајвар постојано расте, нагласува „Сабах“, наведувајќи дека во 2013 година тој имал вредност од 16,5 милиони долари, а следната три милиона повеќе, пишува порталот вработување.мк.