Блокада на граничните премини кон Грција

Поради генерален штрајк на грчките цариници од вчеравечер во 21:00 часот на граничниот премин Дојран нема да бидат пропуштани патнички и товарни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци.

Граничниот премин Богородицa ќе биде затворен од ноќеска на полноќ во наредните 24 часа. 

Автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини односно на секој еден час ќе има 15 минутно пропуштање на возилата.

Од денеска во 7 часот наутро до петок наутро ќе биде целосно затворен и граничниот премин Меџитлија.