Колку треба да платите на новата грчка патарина веднаш после граница?

Грција и официјално ја пушти во употреба новата патарина кај Евзони која е поставена само 500 метри од границата со Македонија.

Ако сакате да одите на шопинг или на викенд ќе треба да издвоите 1,80 евра во еден правец ако сакате да влезете во Грција.

Ако се враќате во државата планирајте дека тоа ќе ве чини вкупно 3,60 евра или 220 денари.

Тарифата за мотори е 1,30 евро, за автомобили, односно моторни возила со или без приколка со висина до 2,70 метри ќе плаќаат 1,80 евра, камиони и автобуси со помалку од четири оски со или без приколка и висина над 2,70 метри ќе плаќаат 4,50 евра, додека пак најскапо, 6,30 евра, е за камиони и за други возила со четири или повеќе оски со или без приколка и висина од над 2,70 метри.

Извор: Фактор