Аеродромец пријавил дека бил нападнат од свој пријател во сопствениот дом

Скопјанец бил нападнат од својот пријател во дом во Аеродром. 

На 27.02.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, А.Т.(59) од Скопје пријавил дека околу 20.40 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, физички бил нападнат од неговиот пријател С.А.(41) од Скопје, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.