Зошто толку цврсто се држиме за работите кои не се наменети за нас?

Порано се прашував како човек може да ги пушти работите кои го убиваат, особено кога чувствува дека ќе се скрши доколку ги пушти токму тие работи. Како одлучуваш помеѓу: „Ако треба да биде, ќе биде“ и „Ако сакаш нешто, треба да се бориш за тоа“. Мислам дека се држиме толку цврсто за работите кои не се за нас, затоа што на одредено ниво, знаеме дека не се навистина наши. Секогаш ја бараме љубовта која знаеме дека ја немаме. Секогаш се обидуваме да докажеме работи не се баш толку црно-бели и очигледни.

Знаеме дека кога ќе престанеме постојано да мислиме и да збориме и да буричкаме низ деталите, конечно сè ќе заврши. А кога сето тоа постои како идеја, држењето за таа идеја е единствениот начин да се задржи и сочува. Затоа што продолжувањето понатаму има малку поврзаност со давање дозвола на некој да си замине од нашите животи или да ни каже дека не нè сака повеќе, туку е поврзано со нашето прифаќање дека тие веќе го направиле тоа.

Не знам што да мислам за судбината. Но, знам дека работите кои се наменети за нас не бараат ментално и емотивно толку цврсто да се држиме за нив. Најдобрите работи никогаш не се форсирани, не се содадени од ултиматуми, не прават постојано да ги преиспитуваме. Знам дека не може да докажеме колку многу сме сакале преку тоа колку болка сме почувствувале кога сме ги загубиле. 

И знам дека љубовта не е таа која нè повредува, туку приврзаноста за идеата за тоа како треба да изгледа и колку долго треба да трае. Знам дека нема да најдеме вистинска љубов додека не се ослободиме од идеите за тоа како треба да изгледа љубовта. Знам дека нема да најдеме среќа додека не се ослободиме од истите закоравени идеи во главата. Знам дека ништо во животот не е трајно, а идејата дека работите се трајни е само илузија. На крајот повторно губиме сè, секоја работа која ја имаме во животот. 

Поентата не е во она што го губиме, туку во она што сме го имале. Ние не треба да се држиме за работите само за да ги ставиме на листа дека сме ги добиле, туку да дозволиме да влезат во нашата душа и да го прегрнеме секое чувство. Има љубови кои ни ги даваат лекциите кои требале да ни ги дадат во период од само еден месец. Некои други пак траат доживотно. Но, сите се подеднакво важни. 

Работите кои се наменети за нас се работите поради кои престануваме да бараме надворешна светлина, кои нè поттикнуваат ние да бидеме таа светлина. Работите кои се наменети за нас се предизвикувачки, прекрасни и неверојатни. Тоа се работите за кои не размислуваме и анализираме. Работите за кои не мора цврсто да се држиме за да се случат.