Зошто среда важи за среќен ден? – Македонците се суеверни луѓе, веруваат во чудни нешта

Среда важи за најсреќниот ден во неделата, а обично велат дека среќа носат детелинка со четири листови, потковица и многу други чудни работи.

Многу работи покажуваат дека Македонците се суеверни луѓе.

Зошто среда е среќен ден?

Токму во среда, започнуваат сите почетоци. Запросувања, веридби, отворање и започнување на бизнис...

За ова не постојат докажани факти, но сепак луѓето веруваат во тоа. Луѓето зборот среда, го поврзуваат со среќа. Разликата е само во една буква, но дали навистина среда е среќна, нема ништо докажано.

Петок 13 е баксузен, исто така и црна мачка. Скршено огледало или подарок паричник, во кој нема пари. Црвен паричник носи среќа, а црн несреќа. Во градините се садат разни видови на цвеќиња кои носат среќа и пари во домот. Чантата не се остава на подот, бидејќи така ќе немате пари, а школскиот ранец не се остава, бидејќи треба да се полни со петки.