Зошто овој човек ја раскинал веридбата три месеци пред свадбата?

Веридбата значи влез во нов свет на планирање и подготовки и е голем чекор во животот на секој пар. Досега сме гледале многу филмови во кој еден од партнерите бега од свадбата. Но, што кога ова ќе се случи во секојдневието? Или кога баш тој што го предложил бракот ќе се одлучи да се повлече?

Дилан В. решил да ја сподели својата приказна со светот:

Нашата врска беше среќна во поголемиот дел од времето, без некои проблеми. И денес ја сакам, но едноставно тоа немаше да функционира како што треба. Таа подобро од мене знаеше што сака во животот и сакаше да се омажи и да има деца пред да наполни 30 години.

Ги слушав нејзините желби и мојата реакција беше предизвикана од неколку такви разговори. Се чувствував како да ме уцени со зборовите: „Или ќе се венчаме или ќе раскинеме и ќе најдам друг човек кој ќе сака да основа семејство со мене.“

Ја запросив, се согласи и по три месеци ја раскинав веридбата. Баш пред да ја купи венчаницата што ја сакаше.

Ми рече дека сме требале да разговараме пред да и го ставам прстенот на рака. И за тоа беше во право. Бев казнет и од нејзините родители. Се иселив од станот во кој живеевме заедно и оттогаш не разговараме често.

Тоа беше пред  18 месеци, а ова лето таа ќе се мажи. Не знам како ќе се чувствувам околу тоа, но она што ми паѓа на ум е: „Подобро тој, отколку јас.“