Животот допрва почнува за жените во своите 40-ти години

Жените после 40-тата година... Кои се тие? Ранливи, па понекогаш дури и беспомошни. Наивни, полни со доверба и младешки дух. Одамна заборавиле на незрелите романтики на 15-годишните, ентузијазмот на 25-годишните, рационалноста на оние кои веќе наполниле 40 години.

Тие виделе многу работи. Понекогаш затворале очи. А потоа ги отвориле очите и виделе нов свет, нов живот.

Тие повторно веруваат во нешто подобро, затоа што на нив веќе им се случило најлошото. Тие го добиваат само најдоброто, затоа што се способни да го видат она што другите не го забележуваат. Имаат остарр поглед, чувствителен слух и нежни раце. Се држат за она што е најдобро за нив.

Тие се убави. Тие не се само симпатични. Тие се неверојатно убави, затоа што дури сега станале свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие научиле како да го сакаат своето тело, па затоа и се толку привлечни.

Тие ја знаат тајната, тие жени во своите 40-ти години.

Преку глава им е од муабетите за „милиони“, „кариери“, „општествени статуси“.

Тие сега точно знаат дека она што е најважно не е она што се прикажува на телевизија, она за кое се пишува на интернет и на статусите на социјалните мрежи.

Во животот е важен самиот живот: неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способност да се радуваш на секој ден.

Одамна ги заборавиле застарените фрази, тактиките на заведување и подготвувањето за излегување. Повеќе не се во фаза на „активна потрага“, затоа што го пронашле она што им било потребно: себеси! И на крај излезе дека баш такви се најинтересни за луѓето. Речиси за сите, де.

Тие повторно можат гласно да плачат и да се смејат. Повеќе не ги носат сите тие маски во вид на општествени норми на однесување, забрани и дозволи. Престанале да се воздржуваат, излегле на слобода и живеат онака како што најдобро умеат: сигурни и беспрекорни!

Тие живеат исто онака како што дишат: силно, потоа тивко, потоа нежно, речиси нечујно, па потоа забрзано. Дишат во ритамот на животот.

И конечно, после 40-тата година, тие успеваат да живеат во исто време со животот.

Жените после 40-тата година, тие не се тетки! Тие носат подолги здолништа затоа што тоа е елегантно и женствено. Немаат потреба да се докажуваат дека имаат дијаманти, важно е тоа што го носат да им се допаѓа лично на нив. Тие не сакаат да знаат што е мода оваа година. Сакаат да бидат убави заради самите себеси. Тие се тренд самите за себе.

Жените после 40-тата година престануваат да ги бројат калориите. Затоа што љубовта, интересот, движењето и инспирацијата помагаат многу повеќе од фитнес центрите и пластичните хирурги.

Па да, тоа е и причината поради која се толку убави.

Тие знаат да ја ценат секоја минута, секаде стигнуваат на време, никогаш не доцнат, затоа што никаде и не брзаат. Тие постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно живеат.

И точно знаат дека за 40 години од денес, животот ќе биде уште поинтересен!

cheap nike air max 90