Американската новинарка Реџина Брет напиша само една колумна со филозофски мисли и преку неа таа доби светска слава.

Овие лекции ги напишала жена која била 11-то дете во семејството, која на 16 години западнала во проблеми со алкохолот, која родила дете на 20, а во наредните 18 години сама воспитувала дете, за на крај на 41 година да го победи ракот на дојка. Тоа е жена која на 45 години ја запознала својата вистинска љубов. Жена која постигнала успехи изградила блескава новинарска кариера.

Овие редови треба да ги читате барем еднаш месечно!

Во чест на својот 45 роденден, напишав 45 лекции на кои ме научи животот. И по толку години, ова е најпопуларната колумна која некогаш сум ја напишала:

Животот е неправеден, но сепак е убав.

Кога се двоумиш, направи уште еден мал чекор напред.

Животот е премногу краток за да го трошиш на омраза.

Работата нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Тоа ќе го прават твоите пријатели и родители. Негувај ги тие односи.

Секој месец отплатувај ги твоите долгови.

Не мораш да победиш баш во секоја расправа. Можеш да се сложуваш или да не се сложуваш.

Плачи со некого. Тоа лечи подобро од плачење во самотија.

Можеш да се лутиш на Бог. Тој ќе те разбере.

Почни да штедиш за стари денови уште од прва плата.

Кога станува збор за чоколадите, отпорот е залуден.

Помири се со минатото за да не си ја расипеш сегашноста.

Слободно дозволи им на децата да те видат како плачеш.

Не го споредувај својот живот со туѓите животи. Не можеш да знаеш што другите луѓе преживуваат на својот животен пат.

Доколку некои односи треба да бидат тајни, не се мешајте во тоа.

Сѐ може да се промени додека да трепнеш, но не се грижи: Бог не трепка.

Вдиши длабоко. Тоа ги средува мислите.

Ослободи се од сѐ што не е корисно, убаво и забавно.

Она што не може да те убие ќе те направи посилен.

Никогаш не е доцна за среќно детство, но второто детство зависи само од тебе.

Кога ќе дојде ред на она што навистина го сакаш во животот, немој никако да го одбиеш тоа.

Пали свеќи, користи убава постелнина, носи убава долна облека. Не чувај ништо за посебни прилики затоа што таа посебна прилика е баш денес.

Подготви се добро, а потоа – нека биде што биде.

Биди ексцентрик. Не чекај старост за да носиш црвено.

Мозокот е најважниот сексуален орган.

Никој освен тебе не е одговорен за твојата среќа.

Секогаш кога ќе се најдеш пред некоја т.н катастрофа, запрашај се: Дали ова ќе ми биде важно за 5 години?

Секогаш избирај го животот.

Простувај сѐ, секому.

Не се грижи за тоа што мислат другите за тебе.

Времето лечи речиси се. Дај му време.

Без оглед на тоа колку е добра или лоша ситуацијата – ќе се промени.

Не се сфаќај себеси премногу сериозно – и онака никој не го прави тоа.

Верувај во чуда.

Бог те сака затоа што е Бог, а не поради тоа што си го направил или не си го направил.

Немој да го проучуваш животот. Си се појавил во него и постигни го она што можеш да го постигнеш.

Подобро е да остариш отколку да умреш млад.

Твоите деца имаат само една иднина.

Има само една важна работа: Дали си сакал или не

Секој ден излегувај на прошетка. Насекаде те очекуваат чуда.

Кога сите би ги земале своите проблеми и би ги стави на купче, споредувајќи ги со другите, веднаш би си ги земале своите назад.

Зависта е губење време. Веќе го имаш она што ти е потребно.

Запомни: Најдоброто допрво доаѓа.

Без оглед на тоа како се чувствуваш, стани, облечи се и излези помеѓу луѓе.

Попуштај.

Животот нема машничка, но сепак е подарок.