Живееме во свет кој сѐ повеќе не присилува на преживување, како материјално, така и духовно. И покрај тоа, треба да ги живееме нашите животи со полни гради, а овие совети ќе ви помогнат токму со тоа.

Животот е преубав

Уживајте во животот, живејте, сакајте, пробувајте, играјте. Уживајте во сите ситници кои тој ви ги нуди. Ако не знаете да уживате во ситниците, нема да знаете да уживате не во големите работи. Најважно е да живеете во сегашноста.

Немојте премногу да мислите за тоа што се случило претходно или за она што допрва ќе се случува, затоа што еднаш ќе застанете и ќе сфатите дека сегашноста поминала, а вие сте се грижеле за минатото и иднината, а не сте го правеле она што сте требале да го правите, а тоа е: Да живеете во сегашноста.

Затоа, уживајте сега, што и да правите, едноставно УЖИВАЈТЕ!

Сакајте

Сакајте со целото срце, со целото битие. Сакајте ги сите и сакајте сѐ и не се плашете да се заљубите. Срцето го имаме со причина, а не за да го оградуваме со ѕидови и да го гушиме со умот. Сакаме со срцето, па затоа користете го за она што е создадено.

Знам, потребна е голема храброст за да го кажете она што го чувствувате, но сѐ помалку од тоа не создава спомени. И да, ќе ве повредат, ќе ве боли и тоа многу, но само тоа значи вистински да го живеете животот, во секоја смисла на таа фраза.

Не барајте љубов во другите, таа е во вас. Потребно е само да ги отстраните сите бариери кои животот досега ги создавал и да ја ослободите вашата љубов. Сите имаме изговори за тоа  зошто не сакаме. Зошто се криеме? Некои повеќе, некои помалку. Но, ако си поставите слика во глава дека сѐ она што ви се случило ве направило она што сте денес, тогаш ќе сфатите дека секое искуство досега е непроценливо. И секое следно. Не плашете се од вашата ранливост, вашите чувства. Тие не се ваша маана, туку доблест. И никогаш не го заборавајте тоа.

Бидете благодарни на она што го имате

Благодарноста е и храброст и сила. Најлесно е да се препуштите на она што е лошо и да бидете несреќни. Преземете ги работите во вашите раце. Бидете благодарни, бидете среќни. Не знам кој ни рекол дека другите луѓе ќе нѐ прават среќни, но тоа не е точно. Не смееме да се потпираме на другите луѓе. Тие не се тука за да нѐ направат среќни, тоа не е нивна задача. Самите сте одговорни за својата среќа. Среќата е во нашиот ум.

Запознајте се себеси

Седнете на кафе со самите себе. Запознајте се, засакајте се, поразговарајте, запознајте ја вашата цел. Само така можете да влијаете и да го промените светот. Ако носите маски, ако сте она што другите сакаат да бидете... тогаш тој живот не е залуден. Никогаш нема да бидете среќни и исполнети. Никогаш нема да почувствувате вистинско задоволство. Никогаш нема да почуствувате вистински ентузијазам. И ќе го сфатите тоа дури кога ќе биде предоцна.

Живејте го животот во склад со самите себе, со она што навистина сте

Не се замарајте со она што другите го сакаат од вас. Затоа што на крајот, во оние последни 5 минути, нема да биде важно дали сте живееле според правилата на другите, дали сте се вклопувале, дали сте се однесувале според нечии правила.

Ако премногу се грижите за околината, ќе го живеете туѓиот живот. Признавам, тоа е полесно решение, но сетете се она оние 5 минути. Се сомневам дека кој било од нас би сакал да ги помине последните минути жалејќи и каејќи се за она што сме можеле да бидеме и да го направиме.

А што се однесува до другите луѓе: Оние чие мислење ви е важно, оние кои ги сакате – тие секогаш ќе ве разбираат, а овие останатите не се тука за да ве разбираат, туку  за да ви наметнуваат како да живеете, а нив никогаш нема да ги удоволите и затоа не се важни.

И за крај, танцувајте низ животот со насмевка на лице.