Жената која се сака себе никогаш, ама баш никогаш нема да ги направи овие 6 работи

Михаил Лабковски е многу познат и популарен руски психолог, кој има преку 40 години работно искуство, а посебна специјалност во работата му се машко-женските односи.

Овој психолог често комуницира со својата публика и одговара на нивните прашања и дилеми, па така неодамна на Инстаграм одговори на едно прашање поврзано со „совршена“ жена. Според Лабовски, тоа се оние жени кои пред сѐ се почутваат себе, а неговиот текст ви го пренесуваме во целост:

Добив прашање каква треба да биде идеалната жена? Многу пати го имам кажано ова – никој никому ништо не е должен! Затоа ќе го преформулирам ова прашање пред да одговорам на него. Значи, тоа би требало да гласи: „Што е тоа што никогаш не би го направила жената која се почитува себе?“ Ова е мојот одговор!

Жената со високо самопочитување, која се сака и цени себе, никогаш нема да го направи следново:

  • Никогаш нема да префрла одговорноста за сопственото добро на други – на родителите, на партнерите, на пријателите или на родените деца. Таа се потпира сама на себе, на својата сила на своите ресурси.
  • Никогаш нема финансиски да зависи од некого. Жената која се почитува себе во состојба е да се обезбеди себе си. И мажите секогаш ќе ја почитуваат поради тоа; со тоа им става на знаење дека е независна и самостојна. Затоа таа никогаш не налетува на нарцисоидни или користољубиви мажи; таквите типови ги заобиколуваат финансиски стабилните жени.
  • Никогаш нема за своите проблеми да ги криви другите. Жената со голема самодоверба не седи и не чека некој да дотрча и да ја спаси, таа се обидува сама да ги реши своите проблеми. Секако, смее и може да побара помош, но само ако навистина и е потребна. Исто така, ваквите жени со драго срце им помагаат на другите кога е потребно.
  • Никогаш нема да бара одобрение од другите. Таа го прави само тоа што го сака: работи сѐ додека таа работа и одговара, носи облека што и се допаѓа, се дружи со луѓето со кои добро се чувствува.
  • Не се споредува со другите – со пријателите, колегите, глумците, инфлуенсерките од социјалните мрежи... единствена личност со која се споредува е самата таа во минатото. Жената со голема самопочит е свесна дека секогаш ќе постои некој побогат, поуспешен, со погуста коса и подолги нозе и поради тоа едноставно не гледа никаква смисла во споредувањето.

Никогаш не се труди да се омажи по секоја цена. На самосвесните жени не им е важен прстенот на раката, туку во својот однос да има почитување и љубов. Печатот на хартија за неа не е остварување на целта, а исто и раѓањето деца. Подготвена е да го чека партнерот кој е достоен за неа, а ако не го запознае, способна е и сама да живее среќно.