Жена тешко повредена откако со „пежо“ удрила во паркирано „бмв“

„Пежо“ управувано од 47-годишна жена удрило во паркирано „бмв“ на регионалниот пат Скопје - Тетово при што жената што возела е тешко повредена. 

На 22.05.2023 во 12.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К..

Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, соопштија од полицијата. 

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.