Жан Митрев се оградува од Филан Митрев: Тоа не е мојот син!

„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.

Од ваквата изјава на сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност со лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.

Инаку, во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21 годишен, другиот 22 годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет. Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад.

Како што јавува порталот, Митрев рекол оти случајно го имаат истото презиме, но кога било побарано подетално да објави тој одговорил:

Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син, за подоцна, како што пишува А1он да каже оти станува збор за „лажни вести“.