Жална глетка кај Железничка, бездомни кучиња умираат од глад и жед и се опасност за сите

Речиси секој ден се регистрирани нови напади од бездомни кучиња низ улиците на Град Скопје. На некои места се забележани и цели глутници кучиња, а тоа предизвика бурни реакции од граѓаните на социјалните мрежи.

Еден скопјанец со објава на Фејсбук алармираше дека бил сведок на жална глетка на Железничката станица во Скопје.

-Пред саат време на Железничка, жална гледка, гладни, жедни и истоштени од дивеење на Скопските улици, болни, пополека умираат. Мислам дека е многу поразумно и похумано, ако веќе не планираат да ги згрижат (од градов/државните институции, или пак невладиниве организации за права/заштита на животните, кои што зимаат еден куп пари од донации за таа намена, а само знаат да ни попуваат како да се однесуваме со животните, а не прават ништо суштински, ниту за заштита и подобрување на правата и условите на животните, ниту пак за луѓето), подобро ќе биде барем да се умртват, односно еутаназија на дивите кучиња во градов, зошто вака се стварно греота, a уште поважно и пострашно се сериозна опасност, не само за деца и жени, туку дури и за возрасни мажи (и ова го кажувам од искуство), бидејќи пред некое време, лично бев каснат за нога од диво куче додека возев со велосипед низ градов и благодарен сум Му само на Бог што не завршив со посериозна повреда, исто неколку пати имам дојдено во ситуација сам со неколку диви кучиња за време на пешачење и е стварно застрашувачки, па и за возрасен маж, особено ноќно време (верувам дека голем дел од Скопјани имаат слични искуства и можат да се поистоветат со мене) и може само да замислам што ќе се случело доколку на мое место било некое мало дете, и не можам да им се изначудам на умот на тие што носат одлуки во институциите задолжени за оваа работа и зошто не преземаат никакви мерки во врска со овој сериозен проблем со кој се соочуваат секојдневно голем дел/па можеби и мнозинството од Скопјани!? (затоа што тоа мало дете може да биде и детето на директорот на некоја од овие институции, али тој веројатно заслепен од себичност и алчност за богатење и како да се намести некој коруптивен тендер, не ни размислил за тоа, дури ни за своето дете, а не пак за нас обичните смртници).
Срамота е, у 21 век, дојдовме или поточно се донесовме у ситуација да му е страв на човек да се прошета низ градов! (Само Господ нека ни е на помош! И ова го мислам најсериозно.)

Иначе баш ме интересира, кои се вашите мислења/ставови и како вие размислувате во врска со ова? Граѓани, невладините организации, а особено институциите задолжени за оваа работа, кои што се најодговорни и должни да го решат овој проблем, бидејќи се платени за тоа од нас граѓаните (преку нашиот данок, иако сме најсиромашна држава во Европа [секако после Молдавија, Косово и Босна, ако ги рачунаш за држави, да не ме обвинат за фејк њуз/лажни вести], сепак плаќаме највисок данок, околу една третина од нашата бруто плата иде за државните институции, а од нив мизерна услуга, и чисто се сомневам дека ќе ми ја укажат таа чест да го слушнам нивното мислење.), напиша скопјанецот.