Зголемени водостоите на Вардар кај Јегуновце и кај Железнички мост во Скопје

Водостојот на Вардар кај Јегуновце и во Скопје кај Железничкиот мост е зголемен во однос на просекот за декември, покажува дневната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи.

На останатите реки каде што се врши мерење и натаму има намалување на водостојот, позначително на Црн Дрим кај Ложани, Црна Река кај Новаци, Брегалница кај Штип, Лепенец кај Скопје, Вардар кај Велес итн.

Водостоите на Охридското и Преспанското се во рамки на просекот, додека кај Дојранското Езеро има минимнално зголемување.