Зголемена фреквенција на возила на „Богородица“ и „Табановце“, се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час, велат од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.