Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина, најмногу се почувствувал во Сараево

Сабајлево околу 9:20 часот силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.

Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми.

Жителите на Сараево, како што пренесуваат босанските медиуми, по силниот земјотрес оставаат коментари на социјалните мрежи дека земјотресот го осетиле кратко, но силно, како и дека чувството додека тој траел било како воз да им поминува под нозете.

„Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.