Зебри и фламинга – нови жители на скопската Зоолошка градина

Фламинга од Зоолошката градина во Минхен ќе стигнат во скопската градина.

Ова било договорено на средбата на директорите на двете зоолошки градини, Ѓорѓи Галетановски и Расен Бабан.

Oд чешкиот град Либерец, пак, во Скопје на пролет треба да стигнат зебри.

За изградба на живеалиштата за зебрите и за фламингата, Град Скопје зеде кредит од Светска банка во висина од 10 милиони денари.