Здруженија со перформанс ќе ја бранат фонтаната „Воин на коњ“

Македонска координативна мрежа Сите за унитарна Македонија – СУМ денеска во 21 часот ќе организира перформанс околу фонтаната „Воин на коњ“ во Скопје, каде најавено е да учествуваат повеќе здруженија и граѓани.

Овој настан е замислен како мултиперсонален, мултимедијален перформанс – „Наместо да рушиме споменици, да создаваме услови за младите“ на авторите Ристо Мијаковски и Александар Русјаков и ќе се одвива во континуитет.