Затворска корупција во Македонија: Мобилен телефон со интернет за 600, без интернет до 200 евра

Мобилен телефон со интернет, стар неколку години чини 600-700 евра, мобилен без интернет само за да се јавиш, чини околу 200 евра, телевизор 32 инчи 500-600 евра, душек половен 1.000 денари, мал замрзнувач 200 евра… ова се дел од цените во затворот Идризово за забранетите работи до кои доаѓаат затворениците, пишува МИА.

Недоволната кадровска екипираност на затворските службеници, нивната необученост и лошиот материјално-финансиски статус, непрофесионалноста изразена преку прекумерна употреба на сила и појавите на корупција се дел од причините за нехуман и несоодветен третман на осудени лица, според Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот мај 2016 јануари 2018, изработен од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Институтот за европска политика.

И Стејт департментот во својот извештајот за човековите права за земјава меѓу другото како најкритично го нотираше прашањето за тортура од затворските чувари.

Експертите велат во македонските затвори не владејат законите на Македонија, туку затворски закони, а корупцијата која не само што е незаконска, туку ги повредува и човековите права на затворениците во казнено поправните домови во земјава.

Во обид да дознаат повеќе зошто постои корупцијата во затворите, новинарската екипа на МИА во втората сторија посветена на условите во кои функцонираат македонските затвори разговарала со затворската полиција и затворениците во Идризово и Шутка, при што добиле реиси идентични искази.

Од она што можеле да забележат е дека нискиот економски стандард, старите и дотраени униформи, недостигот на кадар, невреднувањето на ризикот со кој се соочуваат полицајците во затворот, се дел од причините за коруптивниот систем кој владее во казнено-поправните установи. Секако тука се испреплетува и криминогената структура на самите осуденици, за чие менување најважен е апскетот на нивната ресоцијализација.

Бизнисот со мобилни најисплатлив во КПД Идризово

Мобилни телефони, посета на затворскиот лекар и заболекар, фрижидер се некои од услугите кои затворениците од Шутка и Идризово ни кажаа дека можат да ги добијат во затворот по одредени цени. Тие велат дека корупцијата изминатите месеци е намалена, но не целосно искоренета. Сепак се уште некои поволности можат да ги добијат за одредена цена од вработените во затворот.

Ситуацијата со коруцијата во минатото била многу полоша, оценуваат тие. Сега состојбата некако е повеќе ставена под контрола, но сепак во затворот може да се купат одредени работи, од кои некои затвореник не смее да ги поседува.

Целата сторија може да ја прочитате тука.