Запознајте го пингвинот-панкер од Зоолошката градина

Пингвините веќе се една од најинтересните актракции во Зоолошката градина, а еден од нив особено се издвојува поради својата интересна „фризура“. Поради тоа е познат и како пингвинот-панкер. 

Заливот на пингвините е прекрасно уредено катче, во кое посетителите можат да ја гледаат играта на овие животни и нивниот начин на живеење во и околу вода. 

Оваа година, ЗОО Скопје прославува 95 години од постоењето, а можеме да кажеме дека денеска атракциите се побројни од кога било, а условите за животните соодветно прилагодени.