За вработување млади до 29 години фирмите ќе добиваат по 4.000 евра

Министрите на седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“.

Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.

Во рамките на проектот за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти што ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување 3 невработени млади лица до 29 години.