За снимка на „Тик-ток“ одземаат лиценца, а за вадење органи кај Јилдиз - молк

Во изминатите денови главна тема е анестезиологот од болницата во Тетово, кој се соочува со одземање на лиценцата за работа бидејќи ги снимаше пациентите за „Тик-ток“.

Ова не е единствен случај во македонското здравство кој ја згрози јавноста затоа што и во минатото имаше случаи кои предизвикаа бура на социјалните мрежи.

-За снимка на „Тик-ток“ одземаат лиценца (така и треба). Ама затоа за вадење на органи кај Јилдиз, за Јана од Битола, за новороденчето и ред други молк, пишува една корисничка на „Твитер“.