За непрописно престигнување 193 казни на територијата на цела држава

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што се санкционирани 193 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив, 72 на територијата на СВР Тетово, а 44 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.