За „најкритичните“ болници ќе има професионално обезбедување-ќе патролира и МВР

Ќе биде обезбедено професионално обезбедување за најкритичните болници, како што се  Ургентниот центар, Клиниките за кардиологија и Токсикологија и за старата градска болница „Свети Наум Охридски“. Исто така екипи на МВР засилено ќе патролираат околу сите болници.

Ова било договорено на средбата кај министерот Оливер Спасовски на која просуствувале претседателот ка Лекарската комора Калина Старделова, министерот за здравство Венко Филипче, претставници од Комората медициските сестри и Здружение на млади лекари и специјализанти.

– Ова се напади кои немаат никаква логика. И порано имаше слични ваква напади, еден абдоминален хирург беше застрелан. За ова се предвидени затворски казни. МВР потврди дека ќе направи засилени напори за спроведување на тоа, изјави денеска Филипче.

Денешната средба е иницирана од неколкуте инциденти деновиве кога беа нападните лекари и медицински персонал. Последниот беше завчера во болницата „Свети Наум Охридски“, при што еден од напаѓачите е приведен.