За еден ден во Скопје 33 возачи се казнети поради брзо возење

Во текот на изминатиoт ден, на подрачјето на Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 16 со лесни телесни повреди. 33 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 33 возачи бидејќи 15 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, седум биле возачи почетници и 11 го управувале возилото под дејство на алкохол.

Девет возила се исклучени од сообраќај бидејќи 8 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, тројца непавилно престигнувале, четворица возачи не дале првенство на минување на возила и четворица не користеле заштитен шлем.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатни платни налози, додека исто така 57 возила се подигнати со “Пајак”.