За да не дојде до посериозни последици, поради снежното време, лекарите со апел и до возачите и до пешаците

За да не дојде до посериозни последици, лекарите со апел и до возачите и до пешаците.

-Мора да внимаваат оние кои возат, да не брзаат, да не пијат алкохол..хронично болните ако нема потреба да не излегуваат без причина надвор. Постои опасност да имаме скршеницви и фрактури и затоа мора да се внимава, велат од Брза Помош.

Покрај лизгавите улици, променливите временски услови лошо влијаат и на пациенти со кардиоваскуларни заболувања и астма. Лекарите велат на ладното срцето работи забрзано, а крвниот притисок постојано варира.

-Влијае на сите особено на хронично болните и затоа мора редовно да ја земаат терапијата, балансирана исхрана и да ги слушаат советите од матичните, додаваат тие.