За да донесете работник од Бангладеш во Македонија ви требаат 2.000 евра, вели Кочоски

Зоран Кочоски, од агенцијата за посредување на работа во странство „Коузон“, гостуваше во „Анализа“ на „ТВ24“ и кажа дека увоз на работна сила од земјите од третиот свет е тешко изводливо.

Кочоски го кажа своето мислење на најавите на Владата за увоз на работници од странство.

- Носење на работна сила од странство во старт чини 2.000 евра од работник поради сместување, храна... да донесете човек од Бангладеш со авионски билет, со сите дозволи, медицински прегледи и сè останато, мора да платите над 1.500 евра. Треба да му обезбедите и превоз, како и интеграција во социјалниот и здравствениот систем во Македонија, вели Кочоски.

Кочоски вели дека во Македонија има голем увоз на работна сила во моментов и тоа не е регулирано, односно смета дека над 3.500 луѓе се влезени со туристичка виза и работат на црно.