За брзо возење 168 санкции на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 168 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.