За 10 денари: Поскапе паркирањето во Дебар маало, Буњаковец и Капиштец

Поскапе зонското паркирање во Дебар Маало, Капиштец и Буњаковец.

Од вчера еден час паркирање на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи Општина Центар“ во Дебар Маало наместо 40 денари е 50 денари, додека во Капиштец и Буњаковец од 30 денари паркирањето е зголемено на 40 денари.

Директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски вели дека направиле промена на опфатот на зоните, па со тоа тие добиле и нови цени. Со промена на опфатот се менува и дозволеното време за паркирање односно сега во населбите Капиштец и Буњаковец возилата ќе можат да се паркираат само два, наместо 3 часа.

new nike air max 2019