Вучиќ со само една желба на состанокот во Скопје: Најважно е да се обединиме и да ги задржиме младите во регионот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред почетокот на 12-от сосстанок на Процесот Брдо Бриони што денеска започна во Скопје, истакна дека е неопходно обединување на политичакта елита во Балканот, а со единствена цел и надеж да се спречи емиграцијата на младите во регионот.

- Едни од побитните теми ќе бидат и сеопфатните политички, економски и социјални реформи, со какви реформи ќе се задржат младите луѓе на овие простори со што дополнително ќе се обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа. Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан, вели  Вучиќ.