Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот во Македонија - зимската опрема е задолжителна

Силните врнежи од снег го отежнуваат сообраќајот на македонските патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од 08:15 ч за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато ЗАДОЛЖИТЕЛНО е употреба на зимска опрема (ланци).

Како што објавуваат корисниците на социјалните мрежи, на Ѓавато снегот не е исчистен.