Временска прогноза за септември

Ако мислевте дека летото ќе го испратиме во август се излажавте.

Во топлото и сончево време и во температури од 28 до 35, 36 степени ќе уживаме и во септември. Ова го прогнозира Славчо Попоски кој ја објави временската прогноза за септември.

Врнежи во месецот кој официјално ќе пристигне утре ќе има но просечно за септември и претежно во западните региони.

Според Попоски не се очекува значајно намалување на температурите и заладување што значи дека ќе имате можност и септемвриските денови да ги искористите за плажа на езеро или море.

Можна е попладневна нестабилност на локално ниво.