Време е да се прифатиш себеси...

Чудно е, но толку логично. Ти си тука со одредена цел. Да, баш ти. Твојата цел е единствена и уникатна, скроена само за себе, за твоето душевно патување. Дали веќе ја откри твојата цел? Причините за своето постоење, она што ти е судено? Твојот пат, создаден само за тебе. 

Сфати колку си ти посебна личност. Баш онаква каква што си. 

И прифати го тоа. Прифати се себеси. Прифати дека различноста е она што те прави посебен човек. Не мора да бидеш како другите. 

Сите луѓе кои нешто постигнале го следеле своето срце, ја развивале својата уникатност. Правеле сѐ за да се подобрат и цел живот учеле. 

Ти посакувам среќа, среќа да ја пронајдеш својата цел.

Добар пат за пронаоѓање на целта е љубовта кон себеси, затоа сакајте сѐ додека сите заедно чекориме под ѕвездите.