Време е да го испланирате својот одмор: Метеоролозите имаат убави вести!

Се чини дека дождот и врнежите се зад нас ова лето. Официјалниот почеток на летото ќе донесе стабилно време, со температури кои ќе бидат околу 30 степени. Вистинско време е да започнете да го планирате годишниот летен одмор.

Следната недела времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд, но потоа следи суво и топло време. Времето на крајот на јуни ќе биде сончево и стабилно, утринските температури ќе биде околу 15 степени, а дневните ќе се искачат до 30 степени.

Јули ќе биде сончев, стабилен и топол. Утринските температури ќе бидат околу 15 степени, а дневните нема да го надминат 33 степен.

Првата половина од август ќе биде променлива, со повремени врнежи од дожд и дневните температури од околу 30 степени. Втората половина од месецот ќе биде сончева со повремени облачни период и температура околу 30 степени.