Вработените во Клинички протестираат за зголемената цена на паркингот

Голем дел од медицинскиот персонал вработен во Клинички центар, денеска излезе на протест поради поскапување на паркингот за вработените.

Како што најавија тие, нема да отстапат од нивните барања, и ќе продолжат со протест се додека не биде повлечена одлуката.

„Паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на градски паркинзи Скопје. Очекуваме дека одлуката ќе биде повлечена, а градоначалникот Шилегов да внимава во своите изјави. Следниот чекор за нашиот револт ќе го изнесуваме пред наплатен центар. Од 10 до 10-30 ќе ја блокираме наплатата за излез од Клинички центар. Да знаат сите, дека во тој период ние ќе блокираме наплатата“, порачаа денеска протестирачите од Клинички центар.