Вработените во ЈП Улици и патишта се уште немаат земено плата, а претпријатието има оглас за нови вработувања - излегоа на штрајк

Сметката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје е блокирано поради долг кон економски оператор, дознава Курир.

Денес дел од вработените по тој повод организираа штрајк, а со тоа ја прекинаа и својата работа и дневни активности.

Според Законот во Македонија платите мора да бидат исплатени до 15 во месецот, а тоа значи дека денес 21 ноември, вработените се уште немаат земено плата за месец октомври.

Во исто време иако нема плати за вработените, претпријатието има оглас за привремени вработувања во висина од 12 милиони денари.