Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството од неусогласувањето на платите со растот на минималецот. 

Најавија дека од 1 јуни влегуваат во штрајк, доколку нивниот протест не вроди со плод. 

Вработените во ФЗОМ исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. 

Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите.