Вработена во „Куманово паркинг“ физички нападната по полноќ од женско лице

Денеска по полноќ кумановка физички била нападната од женско лице. 

- На 29.02.2024 во 00.40 часот во СВР Куманово, В.И.(30), вработена во Јавно претпријатие „Куманово паркинг“, пријавила дека на работното место во депо на „пајак“ службата била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија до полицијата.