Возила опожарени во гаража во Кисела Вода

Две патнички возила се опожарени во пожар што ноќеска се случил на улицата „Димо Хаџи -Димов“ бр. 123 во скопската населба Кисела Вода, јавува МИА.

Пожарот избувнал во гаража на зграда, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со 11 пожарникари и четири возила. Пожарот бил пријавен во 2:30 часот, а гаснењето траело до 5:40 часот.

Во пожарот е причинета материјална штета која допрва ќе се утврдува.