Водно во априлско руво

Изминатиот викенд беше идеален за прошетка и рекреација во природа. Пролетното априлско сонце ги измами луѓе да излезат од домовите и да уживаат и да се упатат на места каде ќе можат да ги почитуваат мерките, а и да дишат чист воздух. 

Кафулињата и рестораните затворени, но парковите и сите излетнички места полни со посетители. 

Така беше викендов и на Водно. И млади и стари и деца. Едни пешачеа, други со велоспед, сите заедно се рекреираа. 

Водно за скопјани e вакцина против тоталното одродување од природата. Кон него се вперува поглед за да се процени дали утре ќе врне или пак ќе биде пекол, до каде сме со загадувањето, дали дојде пролетта…Водно е ангел чувар, психолог и белите дробови на Скопје.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @ikiandhercamera

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mitko Frangov (@mitkoqa)

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marjan (@stojanoski_m)