Водич за Водно: планинарење, пешачење, велосипед

Скопјани многу често знаат да кажат дека вистинска среќа е што во близина на главниот град е сместена оваа планина.

Водно е средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина, северна Македонија. Има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометниот град во земјата, односно во градот Скопје.

Планината е вистинска атракција за љубителите на чист воздух, планинарите и тие што сакаат да уживаат во прошетка.  Со други зборови  - за сите нас има по нешто.

Скопјани многу често знаат да кажат дека вистинска среќа е што во близина на главниот град е сместена оваа планина.

Пешаци

Пешачењето на организмот му овозможува бројни здравствени придобивки, кои пред сè се однесуваат на отстранување и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. За жал, тешко може да се очекува дека со пешачењето како единствена физичка активност можат да се загубат килограми.

Доколку сакате да пешачите на Водно пред вас се неколку опции.

Првата е од основното училиште Кочо Рацин до Средно Водно и нејзината должина е некаде околу 5 км. Втората опција е од ОУ Кочо Рацин до Милениумскиот крст и таа е долга околу 7 км.,  и третата опција е од Средно Водно до Милениумскиот крст.

Ова е одлична активност, добра е за вашето срце, но не можете да се потпрете само на неа,  ако целта ви е да ги отстраните масните наслаги од телото. Во таков случај,  потребно е да се обидете со трчање, спринтови, вежбање во теретана, возење велосипед, пливање, или друг спорт кој ви одговара, и секако, примена на здрав начин на исхрана.

Планинари

Рекреативното планинарење е одлична вежба чиј ефект се огледува низ неколку работи. Тоа е:

здраво за срцето,

го подобрува крвниот притисок,

влијае на психофизичката состојба,

го подобрува балансот на телото и тн.

Еден од помалку познатите бенефити е дека планинарањето ја поттикнува креативноста. Едно истражување покажува дека минувањето време во природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.

Планинарењето на Водно е спорт кој е многу популарен помеѓу Скопјани. Секој работен ден, по работа или пак за време на викенд групи или индивидуалци се упатуваат кон средно или до Врв на Водно.

Доколку се решите за оваа активност, треба да знаете дека Водно спаѓа во средно тешки планини за искачување. До врвот може да се стигне по неколку патеки, а најпопуларна е „Цветкова“.

Понеискусните планинари се решаваат пеш да се качат со планинарење до Средно Водно и до таму нема не се потребни повеќе од 30 минути. Поискусните  пак, одат до Врв на Водно и за тоа има е потребно нешто повеќе од еден час планирање.

Освен ова, како можни опции се неколку понепопуларни патеки кои тргнуваат од Пржино, Козле, Жданец или Нерези.

Доколку сакате друштво или групно искачување на Водно, тогаш важно е да знаете дека еднаш во текот на неделата се организира „Афтерворк на Водно“, а еднаш месечно ја имате можноста да учествувате во  „Осветли го Скопје – ноќно искачување на Водно“.

Велосипедисти

Покрај планинарењето, и велосипедизмот е популарен помеѓу љубителите на  Водно. Секојдневно е сѐ поголем бројот на авантуристи кои спортуваат и се рекреираат со својот велосипед.

Планинскиот велосипедизам станува позастапен спорт во Република Македонија, каде постојат буквално илјадници вон-теренски (off-road) и крос патеки.

За сите оние кои имаат желба да се занимаваат со планински велосипедизам мора да го знаат ова:  основната опрема е технички исправен велосипед наменет за планина или асфалт, најва ната работа е кацига, која понекогаш живот значи. Понапредна опрема се специјални патики и педали со кои се добиваат поголеми перформанси.

За оние кои уживаат возејќи на две тркала Водно нуди можност за offroad и возење на асфалт. Втората опција е позастапена, посигурна и популарна.Исто како кај пешачењето, на располагање се неколку рути: првата е од ОУ Кочо Рацин до Средно Водно, втората е од училиштето до врвот или пак од Средно Водно до Врв.

Освен тоа понепопуларна, но застапена е можноста до Средно Водно или до врв да се стигне од манастирот Св. Пенателејмон односно од средно Водно.

Рекреативци

За сите оние кои не се расположени за спорт или пак од некои причини решиле да станат рекреативци на располагање им стои автобускиот превоз во Средно Водно и Жичницата „Милениумски крст“ со која може да се стигне до врвот на Водно.

Жичницата работи со зимски и летен возен ред, а неработни денови се секој понеделник и секој последен вторник во месецот.

До Средно Водно се сообраќај линиите со број 25 и 25а.