По високата стапка на смртност во Македонија од 2,8 % која е највисока од земјите во регионот, последнава недела во земјава умирал по еден човек на секој саат време.
Македонија сеуште има висока стапка на смртност, која за разлика од другите земји во Европа каде истата е линеарна, а во некои држави од европскиот континент истата се намалува според Извештајот на Светската организација , во земјава смртната стапка сеуште изнесува 2,8% процент на починати луѓе од вкупниот број на заразени граѓани.
Македонија е на загрижувачки трето место од 22 земји од Европскиот континент во процентот на смртни случаи од бројот на заразени граѓани.
Во приказот заклучно со статистиката од вчера, може да се види дека Италија има најголем процент на смртност од 3,7%, потоа е Шведска со 3,2%, па потоа е Македонија со 2,8%, сите останати држави се под 2,5 % смртност, а најмала стапка ја има Литванија со 0,8% смртност од бројот на заболени од коронавирус.
Од 12-ти ноември заклучно со вчерашниот ден, за точно една недела во земјава има вкупно 185 смртни случаи, што значи дека само во една недела во Македонија умирал по еден човек на секој саат време.
На прес конференцијата вчера по повод состанокот на Советот за безбедност, ниеден од лидерите на земјава за жал слушнавме дека не чувствуваат никаква одговороност по однос на тоа што се случува со бројот на енормо заразени, бројот на смртни случаи. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев изрично истакнаа дека не чувствуваат никаква одгвоорност за тоа што во Македонија во последнава недела умира по еден човек на секој еден час.