Во скопската ЗОО: Кристина одмора, Сашо коси (фото)

Скопската зоолошка градина се препороди. Секојдневно изненадува со нешто.

На фотографијата се гледа како нилскиот крокодил Кристина, се одмора на тревата која истовремено Сашо ја коси.

Во скопската ЗОО од неодамна има и слонови, веќе има жирафи, лавови, мајмуни и многубројна популација од различен животински вид.

Посетеноста расте, раководството постојано внесува новини што наидува на многу добар прием кај посетителите, посебно кај децата.