Во Сарај: Музичар на свадба повреден од залутан куршум

Четириесет и три годишниот скопјанец С.С. кој вчера како музичар присуствувал на свадба бил повреден од залутан куршум во Сарај.

Околу 13:30 часот скопјанецот бил донесен во ГОБ „8-ми Септември“ со повреди во пределот на десната подколеница.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.