Во сабота отворен ден на „Лајка“ - бесплатно може да вдомите куче

ЈП Лајка претстојната сабота организира отворен ден за вдомување и дружење со кучињата од прифатилиштето.

Настанот е од 11:00-14:00 часот.

- Сите кои се заинтересирани да вдомат куче од нашето прифатилиште би имале можност да се запознаат со кучињата и да поразговараат со вработените, кои би Ви помогнале при изборот на вашиот нов домашен миленик и ќе ве воведат во процесот на вдомување. Вдомувањето е бесплатно, информираат од Лајка.