Во сабота Божиќен концерт и Бадникова поворка во центарот на Скопје, Бубо Каров ќе биде Дедо Мраз

Љупчо Бубо Каров кој овој Бадник ќе биде Дедо Мраз упати покана за годинешните Бадникови Поворки во центарот на Скопје.

Претстојната сабота, 6-ти Јануари на градскиот плоштад „Македонија" точно во 11 часот ќе се пее традиционалната Божиќна песна! 

Златна ѕвезда ќе добие секое дете кое ќе учестува во поворката. 

Ќе има Златен божиќен концерт со Златно Славејче и македонските ѕвезди Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм), Пере (Нокаут).

- По краткиот концерт, ќе ја оформиме најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатиме кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, информираше познатиот Бубо Каров од некогашното шоу К-15.