Во првиот ден од новата година казнети 74 возачи во Скопје

Како што најави МВР така и го продолжи трендот на засилени контроли во сообраќајот. Овој пат возачите во Скопје биле “подисциплирани“ па во текот на вчерашниот ден заработија 74 казни од страна на полицијата. Од нив дури 41 казна била за брзо возење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, три санкции за управување под дејство на алкохол се вели во соопштението на МВР